make a site for free

About Geoing

For 25 years GEOING MK has been identified by its clients as the partner for complete geotechnical solutions, in the segments of geotechnical and hydrogeological investigation works, geotechnical project design, execution and implementation of special foundations, protection of construction pits, slope stability/landslide remediation, retaining walls and water wells.

ABOUT US

GEOING FROM 1990


AT THE BEGINING

Компанијата ГЕОИНГ МК доо е основана во 1990 година од Христо Ѓорѓевски, кој како претходно искуство во дејноста вклучува и работа во Градежниот институт на Војводина, Суботица во периодот од 1972-1975 година во оделот за геотехника под супервизија на Д-р Душан Миловиќ (член на тогашната академија на науки на Југославија).
Во тој период тој има изведено 136 проекти кои вклучуваат: резиденцијални и станбени објекти во Суботица, Бачка Топола и Сомбор, мостови, фабрики и други индустриски објекти, патишта и автопати, целосни геотехнички истраги на абтопатото МПП Е-75, секција Суботица-граница Унгарија и бројни силоси до 5,000 вагони носивост.
Во периодот од 1975-1990 година, Г-инот Ѓорѓевски работи во Градежниот Институт Македонија, почнувајќи како инжинер и напредувајќи до шеф на одделот геотехника и крајно до Технички директор на Институтот. Во тој период тој е инволвиран и изведува повеќе од 600 проекти низ Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
Како извадок од референтите проекти во тој период би ги издвоиле комплетната градска населба Аеродром, Скопје и Ново Лисиче, Скопје, Далјан и Охридати, Охрид, Сончев брег, Нови Пазар како и други бројни проекти во Приштина, Котор, Будва, Сутоморе, Чањ и други локации. Исто така би ги споменале и поголемите готехнички истражни зафати на РЕК Битола, Осломеј и Неготино како и бројни други објекти


GEOING TODAY

ГЕОИНГ МК доо е семеен бизнис кој оперира 23 години во сферата на геотехнички и хидрогеолошки истражни работи и проектирање и изведба на заштити на длабоки градежни јами, санации на клизишта, изведба на потпорни тела и водоснабдителни бунари. Годишниот просечен обем во последните 3-4 години вклучува работа на 80-120 проекти годишно, со што во досегашната работа, ГЕОИНГ МК има изведено повеќе од 1,300 проекти од истражен и изведбен карактер.
Покрај истражните геотехнички работи ГЕОИНГ МК специјализира во сферата на подобрување на почви, како и темелења базирани врз чакалести или армирано-бетонски шипови.
Во 1999 година ГЕОИНГ МК изврши заштита на патентирани решенија за изведба на потпорни тела врз систем на едноредни и дворедни армирано-бетонски бунари и изведба на чакалести колови преку хидраулично збивање.
Во своето 23 годишно постоење ГЕОИНГ МК изгради имиџ на високо специјалирана фирма која е експерт во геотехнички истражни и изведбени работи за слаби почви и како фирма која проектира и изведува проекти оптимални во екомонски смисол кои истовремено ги задоволуваат сите сигурносни и безбедносни критериуми, давајќи најдобри “value for money” технички-изведбени решенија во оваа дејност.
Компанијата е опремена со сопствени основни средства за вршење на дејноста кои вклучуваат 12 машински гранитури за бушење од различни типови, 3 модифицирани багери и соодветно едуциран и спремен техничко-инжинерски кадар за изведба на работите кои го сочинуваат core business-от на компанијата.

CONTACT US

Please fill out the form to contact us

Ready for cooperation

Tel: +389 2 308 16 18 
Email: geoing@geoing.mk