free css templates

За нас

Во своето 25 годишно постоење ГЕОИНГ МК изгради имиџ на високо специјалирана фирма која е експерт во геотехнички истражни и изведбени работи за слаби почви и како фирма која проектира и изведува проекти оптимални во екомонски смисол кои истовремено ги задоволуваат сите сигурносни и безбедносни критериуми, давајќи најдобри “value for money” технички-изведбени решенија во оваа дејност.

ЗА НАС

ГЕОИНГ ОД 1990 ДО ДЕНЕС


ГЕОИНГ почетоци и основање

Компанијата ГЕОИНГ МК доо е основана во 1990 година од Христо Ѓорѓевски, кој како претходно искуство во дејноста вклучува и работа во Градежниот институт на Војводина, Суботица во периодот од 1972-1975 година во оделот за геотехника под супервизија на Д-р Душан Миловиќ (член на тогашната академија на науки на Југославија).
Во тој период тој има изведено 136 проекти кои вклучуваат: резиденцијални и станбени објекти во Суботица, Бачка Топола и Сомбор, мостови, фабрики и други индустриски објекти, патишта и автопати, целосни геотехнички истраги на абтопатото МПП Е-75, секција Суботица-граница Унгарија и бројни силоси до 5,000 вагони носивост.
Во периодот од 1975-1990 година, Г-инот Ѓорѓевски работи во Градежниот Институт Македонија, почнувајќи како инжинер и напредувајќи до шеф на одделот геотехника и крајно до Технички директор на Институтот. Во тој период тој е инволвиран и изведува повеќе од 600 проекти низ Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
Како извадок од референтите проекти во тој период би ги издвоиле комплетната градска населба Аеродром, Скопје и Ново Лисиче, Скопје, Далјан и Охридати, Охрид, Сончев брег, Нови Пазар како и други бројни проекти во Приштина, Котор, Будва, Сутоморе, Чањ и други локации. Исто така би ги споменале и поголемите готехнички истражни зафати на РЕК Битола, Осломеј и Неготино како и бројни други објекти


ГЕОИНГ денес

ГЕОИНГ МК доо е семеен бизнис кој оперира 23 години во сферата на геотехнички и хидрогеолошки истражни работи и проектирање и изведба на заштити на длабоки градежни јами, санации на клизишта, изведба на потпорни тела и водоснабдителни бунари. Годишниот просечен обем во последните 3-4 години вклучува работа на 80-120 проекти годишно, со што во досегашната работа, ГЕОИНГ МК има изведено повеќе од 1,300 проекти од истражен и изведбен карактер.
Покрај истражните геотехнички работи ГЕОИНГ МК специјализира во сферата на подобрување на почви, како и темелења базирани врз чакалести или армирано-бетонски шипови.
Во 1999 година ГЕОИНГ МК изврши заштита на патентирани решенија за изведба на потпорни тела врз систем на едноредни и дворедни армирано-бетонски бунари и изведба на чакалести колови преку хидраулично збивање.
Во своето 23 годишно постоење ГЕОИНГ МК изгради имиџ на високо специјалирана фирма која е експерт во геотехнички истражни и изведбени работи за слаби почви и како фирма која проектира и изведува проекти оптимални во екомонски смисол кои истовремено ги задоволуваат сите сигурносни и безбедносни критериуми, давајќи најдобри “value for money” технички-изведбени решенија во оваа дејност.
Компанијата е опремена со сопствени основни средства за вршење на дејноста кои вклучуваат 12 машински гранитури за бушење од различни типови, 3 модифицирани багери и соодветно едуциран и спремен техничко-инжинерски кадар за изведба на работите кои го сочинуваат core business-от на компанијата.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Ви стоиме на располагање

Спремни за понуди и соработка

Тел: 02 308 16 18 
Email: geoing@geoing.mk

ПРЕВЗЕМИ ЛИСТА НА ОПРЕМА