Компанијата ГЕОИНГ МК од 2006 година има учество во JV ( joint venture) компанија со Италијански партнер, фирмата SPG srl, Италија. Со тој чекор компанијата преку новоформираната мешовита фирма СПГ-ГЕОИНГ доби широк пристап до работи на странски пазари и успеа да изврши трансфер на соодветно знаење и опрема за потребите на својата дејност.
Мешовитата фирма на располагање има еден од најдобрите машински паркови за бушење во регионот кој вклучува високо специјализирана опрема за бушење од различни типови и за различни намени. Вкупниот број на машини за бушење кои се на располагање е 32, од кој 12 се во Македонија а 2 во Романија.